Синоќа, во големата сала на Општина Прилеп, се одржа жребањето и се одреди редоследот на екипите учесници на турнирот во мал фудбал „Свети Никола 2019“, што годинава се одржува по 9 пат.
На жребањето прсуствуваше и градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.
На годинешниот турнир се пријавени рекорден број на екипи, вкупно 79 од кои 40 во сениорска категорија, 11 во ветерани и 28 во категоријата пионери.
Средствата од турнирот ќе бидат наменети за лекување на малиот Дејан Најдоски од Прилеп. Организатори на турнирот се Локалниот спортски сојуз-Прилеп со поддршка на Општина Прилеп и компанијата „Комфи Ангел“ од Прилеп.