Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

Врз основа на чл. 65 став (6) од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13 и 187/13, 42/14, 44/15,129/15,192/15,39/16 и 42/16), Градоначалникот на Општина Прилеп, донесе:

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

1. На УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО, ЗА ИЗГРАДБА НА Е2-КОМУНАЛНА СУПРАСТРУКТУРА, ГРАДБИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕНЕРГИЈА, ТЕРМОЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛА НА БИОГАС И СООБРАЌАЈНО РЕГУЛИРАЊЕ НА КРСТОСНИЦАТА СО РЕГИОНАЛЕН ПАТ Р1107, место викано ДУЈ ГАС, КО НОВО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието на животната средина согласно  со член 65 од Законот за животна средина.

2. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65  од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО, ЗА ИЗГРАДБА НА Е2-КОМУНАЛНА СУПРАСТРУКТУРА, ГРАДБИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕНЕРГИЈА, ТЕРМОЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛА НА БИОГАС И СООБРАЌАЈНО РЕГУЛИРАЊЕ НА КРСТОСНИЦАТА СО РЕГИОНАЛЕН ПАТ Р1107, место викано ДУЈ ГАС, КО НОВО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП, нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини планот, кој е основен развоен документ, има крајна цел преку:

-естетско-композициско уредување на просторот
-рационално користење на земјиштето
-оформување амбиентални целини
-почитување и надградување на пејсажните вредности
-оформување културен пејсаж
-почитување и валоризација на културното и градителско наследство
-вклопување или реконструкција на постоечки градби и инфраструктура
-подигнување хуманоста во просторот и непречено движење на хендикепираните лица
-вградување заштитни мерки
-почитување на законските прописи, стандарди и нормативи во планирањето
-предвидување мерки за заштита на животната средина, особено превенција и спречување на негативни влијанија врз животната и работна средина,

-да ги утврди параметрите кои се потребни за издавање на одобрение за градба, при реализација на УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО, ЗА ИЗГРАДБА НА Е2-КОМУНАЛНА СУПРАСТРУКТУРА, ГРАДБИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕНЕРГИЈА, ТЕРМОЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛА НА БИОГАС И СООБРАЌАЈНО РЕГУЛИРАЊЕ НА КРСТОСНИЦАТА СО РЕГИОНАЛЕН ПАТ Р1107, место викано ДУЈ ГАС, КО НОВО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП.

Реализацијата на предвидениот УПВНМ, ќе биде во функција на одржливиот развој преку производство на енергија од обновливи извори.

3. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на  стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Прилеп, www.prilep.gov.mk.

4. Против оваа Одлука може да се поднесе жалба преку овој орган  до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вржење на работите од областа на заштита на  животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.

Превземи Одлука  и Формулар

ГРАДОНАЧАЛНИК

Илија Јованоски