Врз основа на член 52 став 1 2 и 5 од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018) и (,,Службен весник на РСМ”бр. 275/2019 и 14/2020), Секретарот на Општина Прилеп донесе:
ОДЛУКА
за избор за унапредување на административен службеник по интерен оглас
1.По интерниот оглас бр.1/2021 објавен на 09.07.2021 година објавен на Веб страната на Општина Прилеп и Агенција за администрација, се избира:
– Благица Филипоска, со вкупно освоени бодови 37.35 за работно место под реден број 1 од интерниот оглас УПР0101В01000, Одговорен сметководител, Одделение за буџетска контрола, Сектор за финансиски прашања.
2. Именуваната ќе биде унапредена на работното место од став 1 на оваа Одлука во рок од пет дена по конечноста на Одлуката.
3. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесувањето.
О б р а з л о ж е н и е
На ден 09.07.2021 година на Веб страната на Општина Прилеп и Агенција за администрација објавен е интерен оглас бр.1/2021 за унапредување на административен службеник во Општина Прилеп.
Со Решение бр.04-1488/9 од 13.07.2021 година, формирана е Комисија за селекција за унапредување на административен службеник. Комисијата за селекција за унапредување на административен службеник спроведе административна селекција, Записник од извршената административна селекција за интерен оглас број 04-1488/12 од 16.07.2021 година.
На ден 16.07.2021 година Комисија за селекција за унапредување на административен службеник спроведе проверка на веродостојноста на докази и интервју за унапредување на административен службеник, Записник од спроведена проверка на веродостојност на докази и интервју за унапредување на административен службеник бр.04-1488/13 од 16.07.2021 година
Од доставената финална ранг листа и предлог одлуката за избор на прво рангираниот кандидат број 04-1488/13 од 16.07.2021 година, Секретарот на Општина Прилеп изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.
Правна поука: Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Агенцијата за администрација.
СЕКРЕТАР на Општина Прилеп
Александра Кокароска