Одлука и формулар за спроведување на стратегиска оцена на УПС за Канатларци

Врз основа на чл. 65 став (6) од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13 и 187/13, 42/14, 44/15,129/15 и 192/15), Градоначалникот на Општина Прилеп, донесе:

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

  1. На Планскиот документ  урбанистички план за село Канатларци, Општина Прилеп, потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието на животната средина согласно  со член 65 од Законот за животна средина.
  2. Како органи засегнати од имплементација на планскиот документ Урбанистички план за село Канатларци,Општина Прилеп се определуваат: Општина Прилеп, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство, Министерство за транспорт и врски.
  3. За планскиот документ Урбанистички план за село Канатларци,Општина Прилеп, за чија изработка одговорна е Агенцијата за планирање на просторот ,а го донесува Министерството за транспорт и врски,донесувањето на планскиот документ Урбанистички план за село Канатларци ќе има влијание врз животната средина
  4. Обмот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: влијание врз подземните води и површинските води, влијание врз почвата , влијание по однос на генерирање на комунален и градежен опфат, влијание врз амбиенталниот воздух и влијание од несреќи и хаварии.
  5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на  стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Прилеп, www.prilep.gov.mk.
  6. Против оваа Одлука може да се поднесе жалба преку овој орган  до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вржење на работите од областа на заштита на  животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.

Формулар за СЕА

Одлука за СЕА

Графички прилог