На денешен ден пред 75 години, откако биле предадени за да не паднат во рацете на
непријателските сили, двајцата Народни херои, Кире Гаврилоски и Круме Волнароски ги загубиле своите животи во одбрана на татковината. По тој повод делегации од Општина Прилеп, Советот на Општина Прилеп, претставници од основните училишта и Здружението на борци, членови на семејствата, ученици како и почитувачи на ликот и делото на Кире Гаврилоски и Круме Волнароски, денеска положија свежо цвеќе пред спомениците на народните хероите во Прилеп и населеното место Тополчан
Со пригодна свеченост и богата културна програма двете основни училишта во Прилеп и Тополчани ја одбележаа 75 годишнината од смртта на патронот чие име го носат.