Со полагање цвеќе на спомен обележјата на народните херои Борка Талески и Лазо Филипоски-Лавски, денеска беше одбележана 78 годишнината од нивното загинување.
Освен пред бистите на Борка Талески во институциите кои го носат неговото име, Градската библиотека и Општата болница, претставници на Општина Прилеп, општинскиот Совет и општинската организација на Сојузот на борци, положија свежо цвеќе и пред бистите на двајцата херои во Алејата на народните херои во Паркот на револуцијата.
Истоа така, делегациите се поклонија и пред спомен бистата на Лазо Филипоски-Лавски, која се наоѓа во подрачното училиште на ООУ „Добре Јованоски“, како и пред споменикот кај месноста Чашка, каде на 2.март 1942 година, Борка Талески и Лазо Филипоски-Лавски биле убиени од страна на фашистичкиот окупатор.