Одбележана 98 годишнината од убиството на Ѓорче Петров

Денеска се навршија 98 години од убиството на идеологот на Македонската
револуционерна борба, Ѓорче Петров. По тој повод, пред споменикот на Ѓорче во
центарот на градот, цвеќе положија градоначалникот Илија Јованоски,
претставници на Советот на општина Прилеп, на средното општинско училиште
кое го носи името на револуционерот, Сојузот на борци – Прилеп и на политички
партии.

Исто така, свежо цвеќе беше положено и пред спомен плочата на родната куќа на
Ѓорче Петров, во населбата Варош.