Двете основните училишта „Добре Јованоски“ и „Рампо Левката“, одбележаа 79 години од загинувањето на своите патрони.
По тој повод делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски и општинскиот Совет, како и делегации од основното училиште, денеска положија свежо цвеќе пред бистата на Рампо Левката во Алеата на народни херои и на Могилата на непобедените.
Во чест на патрониот празник во дворот на основното училиште „Рампо Левката“ од страна на учениците и вработените беше организирана и пригодна програма за прослава на патрониот празник на оваа образовна институција.