По повод 61 годишнината од смртта на првиот Претседател на Президиумот на
АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, денеска делегација од Општина Прилеп,
предводена од градоначалникот Илија Јованоски, од о.о. на Сојузот на борци,
од општинската организација на СДСМ, од Здружението на резервни воени
обврзници, учесници во настаните од 2001/2002година и граѓани положија
свежи свеќиња пред споменикот во центарот на Прилеп.
Методија Андонов – Ченто е роден на 17 август 1902 година во Прилеп, а
починал на денешен ден 1957 година. Во својата биографија бележи значајна
политичка активност уште пред почетокот на Втората светска војна. За време
на војната 1942 година е интерниран во логорот „Чучулигово“ во близина на
Петрич, а по ослободување од интернација бил повикан од Главниот штаб на
НОБ и ПОМ да се приклучи во Народно-ослободителната војна. По основањето
на иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, на Првото Собрание на 2
август 1944 година, тој е избран за претседател на ова највисоко државно тело
и по ослободувањето, во Македонија, како федерална единица на тогашна
СФР Југославија.