Одбележана 156 годишнината од раѓањето на револуционерот Ѓорче Петров

Денеска се навршуваат 156 години од раѓањето на големиот македонски
револуционер, прилепчанецот Ѓорче Петров.

По тој повод, градоначалникот Илија Јованоски и претставници од Советот на
општина Прилеп и СОУ „Ѓорче Петров“, денеска положија свежо цвеќе и се
поклонија пред споменикот на истакнатиот револуционер во центарот на
градот.

Покрај револуционерната дејност и неговата посветеност на Македонската
револуционерна организација, Петров се докажал и како прв географ и етнолог
во Македонија, професор, публицист и историчар.
Ѓорче Петров е роден на 2 април 1865 година, во село Варош, прилепско, а на
28 јуни 1921 година загинува во атентат во Софија, Бугарија.