Одбележувајќи 149 години од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев, делагација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски, денеска се поклони и положи свежо цвеќе пред бистата во училиштето од градот, кое го носи името на великанот.
Должна почит кон ликот и делото на Делчев, оддадоа и делегации од општинскиот Совет и политички партии од општината, како и претставници на ООУ „Гоце Делчев“.
Најпознатиот македонски револуционер, деецот на Македонската револуционерна организација, Гоце Делчев, целиот свој живот го посветил на борбата за слобода на македонскиот народ и на создавањето на слободна и независна македонска држава.
Роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, а е убиен на 4 мај 1903 во село Баница, каде загинал во битка со турската војска, која го опколила селото.