Денес на пресконференција одржана од Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, беше презентирана Одлуката за доделување на награди и признанија по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп.
Наградата за животно дело-Златна плакета, по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на:
–Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г.Петар- огромна ревност и оданост за верата , кој секогаш стоел и стои на браникоѕ на националните интереси на нашата држава Македонија и православниот народ во неа;
–Жарко Башески-македонски скулптор, професор, уметник, кој неколку децении го промовира својот роден град Прилеп;
Награди – плакети по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на:
- Прилепска Пиварница-за 100 годишно постоење во општествено-економскиот живот во Прилеп;
- ООУ ,,Климент Охридски’’-Прилеп- постигнати успеси во воспитно образовниот процес и реализирани проекти;
- Друштво за производство, трговија и услуги ВИК МАКЕДОНИЈА ДOОЕЛ с. Алинци Прилеп- општествено одговорна компанија;
- Ликовна колонија-Дрен–повеќегодишно меѓународно уметничко творештво;
- МАТАДОР– успешна и општествено одговорна компанија;
- Научен институт за тутун-научно истражувачка, образовна, апликативна производна издавачка дејност;
- Мариовско-Мегленски средби-за успешно реализирани настани од областа на културата и фолклорот;
- ФК Големо Коњари-за постигнати резултати и придонес во спортот;
- Центар за развој и едукација Прилеп-за успешна реализација на услугата помош и нега во домот;
- Австралиско-Македонско друштво „Методија Андонов-Ченто“ од Сиднеј– за негување на традициите и донации за најмладите во спортот
Награди – дипломи по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделуваат на:
- Марјан Јованоски-солист, првенец во македонска опера и балет;
- Јован Аврамоски- за пожртвуваност и посветеност во областа на заштита и спасување;
- Љупче Петрески протоереј-придонес во општествениот културно-уметничкиот и духовниот живот во Прилеп;
- Трајче Зуљамоски-педагог, спортист волонтер хуманист;
- Ивана Атанасоска–светска олимпијада по геонауки;
- Билјана Тинтоска-успех во воспитно-образовната дејности и книжевноста
- Елена Ртоска–за особен придонес во развивање на екстремните спортови;
- Никола Павлески– младински првак во шах;