Врз основа на член 2 став 4 алинеа 1 и член 37, 38, 39 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл.весник на РМ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16,21/18 и „ Сл. Весник на РСМ“ бр.101/19), Одлука бр.09-2621/33 од 22.10.2020 година, донесена од страна на Советот на Општина Прилеп (Службен гласник на Општина Прилеп бр.13 од 22.10.2020 година ) Одлуката бр.09-2621/34 од 22.10.2020 година, донесена од страна на Советот на Општина Прилеп (Службен гласник на Општина Прилеп бр.13 од 22.10.2020 година) и Правилникот за условите, начинот и постапката за користење и располагање со стварите во сопственост на ЕЛС-Општина Прилеп, давање и примање на подароци и за евиденција на недвижните ствани во сопственост на ЕЛС- Општина Прилеп(Службен гласник на Општина Прилеп бр.14/2009, 12/2015 и 11/2018 )и Извештај за проценка на пазарната вредност на недвижен имот од 20.10.2020 година изработено од страна на стручно лице проценител во Одделнието за администринање на приходи при ЕЛС Општина Прилеп бр. 14-482/2 (наш број 12-1703/1), Извештај за проценка на пазарната вредност на недвижен имот од 20.10.2020 изработено од страна на стручно лице проценител во Одделнието за администринање на приходи при ЕЛС Општина Прилеп бр. 14-483/2 (наш број 12-1704/1) Комисијата за недвижни и движни ствари при Општина Прилеп објавува,
ОБЈАВА бр.1/2021 за давање под закуп недвижни ствари сопственост на Општина Прилеп по пат на електронско јавно наддавање
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронско јавно наддавање е давање под закуп :
1.Недвижен ствар кој се наоѓа на КП 15641 КО Прилеп адреса ул. „Козара „ заведена во Имотен лист бр.33676 КО Прилеп опишан како:
-број на зграда 1 со намена на зграда-месна заедница, влез 1, кат- ПР, број на посебен дел од зграда 00, со внатрешна површина на објектот од 460 м2, во сопственост на Општина Прилеп, согласно табеларниот преглед.
2.Недвижен ствар кој се наоѓа на КП 10029 КО Прилеп адреса ул. “Крушевска“ заведена во Имотен лист бр.33676 КО Прилеп опишан како:
-број на зграда 1, општински органи, влез 1, кат 01, број на посебен дел од зграда 00, со внатрешна површина од 100 м2 ,
-број на зграда 1, помошни простории, влез 1, ПО, број на посебен дел од зграда 00, со внатрешна површина од 57 м2 ,
-број на зграда 1, општински органи, влез 1, ПР, број на посебен дел од зграда 00, со внатрешна површина од 121 м2 ,
број на зграда 1, помошни простории, влез 1, ХС, број на посебен дел од зграда 00, со внатрешна површина од 30м2 ,(вкупно корисна површина 278 м2)
Вкупната Површината на земјиштето изнесува 1017м2, а претставува земјиште под зграда и двор (вкупно корисна површина Двор 728 м2.) во сопственост на Општина Прилеп, согласно табеларниот преглед:
Р. бр. | Адреса | Опис на деловниот простор | Површина | Вкупна вредност денари | Почетна цена на месечна закупнината (0,5% од проценетата вредност) | Банкарска гаранција 2% од проценетата вредност | Почеток
Час |
1. | Козара | КП 15641 КО Прилеп адреса ул. Козара заведена во Имотен лист бр.33676 КО Прилеп , број на зграда 1 со намена на зграда-месна заедница ,влез 1, кат- ПР број на посебен дел од зграда 00, со внатрешна површина на објектот од 460 м2 , во сопственост на Општина Прилеп
за времетраење од 5(пет) години |
460 м2 |
15. 313 500
Денари
|
76.568
Денари |
306 270
Денари |
10:00ч |
2. | Крушевска | КП 10029 КО Прилеп адреса ул. Крушевска заведена во Имотен лист бр.33676 КО Прилеп опишан како:
-број на зграда 1, општински органи, влез 1, кат 01, број на посебен дел од зграда 00, со внатрешна површина од 100 м2 , -број на зграда 1, помошни простории, влез 1, ПО, број на посебен дел од зграда 00, со внатрешна површина од 57 м2 , -број на зграда 1, општински органи, влез 1, ПР, број на посебен дел од зграда 00 со внатрешна површина од 121 м2 , -број на зграда 1, помошни простории, влез 1, ХС, број на посебен дел од зграда 00, со внатрешна површина од 30м2 ,(вкупно корисна површина 278 м2) Површина на земјиштето под зграда и двор 1017м2(Вкупно корисна површина Двор 728 м2.) во сопственост на Општина Прилеп за времетраењеод 5(пет)год |
Објект 308м2
Земјиште 1.017 м2 |
18.770.231
Денари |
93.851
Денари |
375405 Денари | 12:00ч |
За земјиштето со КП.бр.15641 КО Прилеп на кое се наоѓа недвижната ствар кој е предмет на давање во закуп донесен е ДУП за УАЕ бр.17-А , Одлука бр.02-3405/1 од 19.07.1989 година Сл.Гласник на Општина Прилеп бр.7/89
За земјиштето со КП.бр.10029 КО Прилеп на кое се наоѓа недвижната ствар кој е предмет на давање во закуп донесен е ГУП за град Прилеп плански период од 2013-2023. Одлука бр.25-2888/5 од 28.12.2015.
ПРАВО НА УЧЕСТВО
За недвижната ствар која е предмет на објавата на јавно наддавање, може да се пријават за учество сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на недвижните ствари на територијата на РСМ, согласно со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.
Заинтересираните лица можат да учествуваат за закуп на еден или повеќе објекти, со поднесување на Пријава за учество, поединечно за секој објект.
НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИ И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени јавни наддавања спроведени преку овој систем, за него се уште важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка, доделена заради негово учество во претходните постапки и тоа на ниво на целиот систем (се мисли на учество во постапка која ја спроведува било која Општина).
За учество во електронското јавно наддавање заинтересираните учесници електронски поднесуваат Пријава, која треба да ги содржи сите податоци и докази утврдени во Објавата за електронско јавно наддавање. За да може да поднесе Пријава за учество заедно со доказите утврдени со објавата, секое правно и физичко лице треба претходно да се регистрира на веб страната www.e-stvari.mk .
Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетни согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат. На подносителите на пријавите кои се комплетни, Комисијата во рок од 3 (три) дена од денот на доставувањето на понудите им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.
Документи потребни за пријава за електроноско јавно наддавање се следните:
- Доказ за иднетитетот (полн назив, точна адреса, кој документи се приложуваат кон пријавата, телефон);
- За правни лица-Доказ за регистрација на правното лице од Централниот Регистар на Р.С.Македонија или друг соодветен регистар;
- Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице,
- За физички лица-Лична карта или патна исправа;
- Е-маил адреса на поднесувачот на пријавата, преку која што ќе се врши постапката на регистрирање за учество во јавното електронско наддавање на која што ќе им биде испратено корисничкото име и шифрата за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање.
- Изјава со која што ги прифаќаат условите што се дадени во објавата;
- Банкарска гаранција за сериозност во висина од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар, за учество на јавното наддавање.
Пријавите кои нема да бидат комплетни со овие докази нема да учествуваат во наддавањето за што ќе бидат известени по електронски пат.
ПОЧЕТНА ЦЕНА
Вкупна проценета вредност на недвижната ствар од табеларниот приказ ред.бр.1 изнесува 15 .313 500 денари .
Вкупна проценета вредност на недвижната ствар од табеларниот приказ ред.бр.2 изнесува 18.770.231 денари .
Висината на почетна месечна закупнината изнесува 0,5 % од проценетата вредност на недвижната ствар и истата е наведена во табеларниот преглед .
Почетната цена на месечната закупнина за недвижната ствар од табеларниот приказ бр.1 изнесува изнесува 76.568 денари и се дава во закуп за период од 5(пет )години
Почетната цена на месечната закупнина за недвижната ствар од табеларниот приказ бр.2 изнесува 93.851 денари и се дава во закуп за период од 5(пет )години
Проценетата вредност на недвижната ствар- Објект под реден број 1 е утврдена согласно Извештај за проценка на пазарната вредност на недвижен имот од 20.10.2020 изработено од страна на стручно лице проценител во Одделнието за администринање на приходи при ЕЛС Општина Прилеп бр. 14-482/2, (наш број 12-1703/1) проценетата вредност на недвижната ствар – Објект број 2 е утврдена согласно Извештај за проценка на пазарната вредност на недвижен имот од 20.10.2020 изработено од страна на стручно лице проценител во Одделнието за администринање на приходи при ЕЛС Општина Прилеп бр. 14-483/2 (наш број 12-1704/1).
РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ ДАТУМ И ВРЕМЕ НА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ:
Пријавите за учество на Јавното наддавање потребно е да се достават во рок од 15 дена од денот на објавување на објавата.
Пријавите се поднесувааат во електронска форма на следната интрнет страница www.e-stvari.mk.
Електронското Јавното наддавање ЗА ОБЈЕКТ БР.1 ќе се одржи на ден 12.02.2021 година со почеток во 10 :00 часот.
Електронското Јавното наддавање ЗА ОБЈЕКТ БР.2 ќе се одржи на ден 12.02.2021 година со почеток во 12:00 часот.
Јавното електронско наддавање ќе се одржи на следната интернет страна www.e-stvari.mk.
БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ
Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2% од вкупната проценета вредност на недвижните ствари.Покрај електронската достава на банкарската гаранција во скенирана копија на оригиналот во PDF формат подносителот на понудата/пријавата за учество е должен до крајниот рок за поднесување на понуди/пријави, банкарската гаранција за сериозност на понудата да ја достави и во писмена форма и во оригинал преку пошта или со лично доставување на адресата на Општина Прилеп ул. Прилепски бранители бр. 1, 7500 Прилеп до Комисијата за недвижни и движни ствари при Општина Прилеп. Недоставувањето на банкарска гаранција во писмена оригинална форма на посочената адреса ја прави пријавата/понудата неприфатлива и истата ќе биде одбиена.
Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.
ПОСТАПКА
Постапката за електронско јавно наддавање ја спроведува Комисијата за недвижни и движни ствари при Општина Прилеп.Подносителите кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното наддавање на денот на спроведувањето на јавното наддавање се регистрираат на интернет страницата наведена во објавата со корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање по што имаат право на учество на јавното наддавање. Јавното наддавање ќе се одржи доколку учесниците ги исполнуваат условите дадени во објавата. Јавното наддавање ќе се одржи, доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја прифати почетната цена.
Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на месечната закупнина и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на месечната закупнина. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути одопределеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.
Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.
Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на недвижната ствар се намалува за 2 % по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената на месечната закупнина без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда.
Доколку во времетраење од 5 минути повторно нема понуда, вредноста на недвижната ствар повторно се намалува за 2 % од првичната проценета вредност.
Намалувањето на вредноста на недвижната ствар во текот на наддавањето може да биде најмногу до 30 % од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.
За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за месечната закупнина.
Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.
Учесниците имаат право на Приговор само по однос на постапката за јавно наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение, во рок од пет дена од приемот на приговорот.
Против решението донесено од комисијата со кое се одлучува по поднесен приговор може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
ОБВРСКА НА НАЈПОВОЛНИОТ ПОНУДУВАЧ
За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој што понудил последна цена на закупнината која што претставува највисока цена за закуп на недвижната ствар.
Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од приемот на писменото известување за избор е должен да ги уплати средствата на трезоска сметка бр. 100000000063095, Банка на примачот НБРМ, уплатна сметка 840-156-06553, приходно конто 723914 и програма 00, во согласност со постигната крајна цена на месечната закупнина. Доколку не ги уплати во овој рок нема да пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана и понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно наддавање за предметните недвижни ствари.
По завршувањето на постапката за јавно наддавање, со најповолниот понудувач, во рок од 15 работни дена по извршената уплата на постигнатата највисока цена на месечната закупнина се склучува договор за закуп на недвижна ствар во писмена форма кој во рок од 30 дена се доставува кај Нотар заради вршење на солемнизација.
На договорот за закуп соодветно ќе се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи.
Обврската за трошоци за солемнизација на Договорот паѓа на товар на закупопримачот.
Оваа објава ќе биде објавена на web страната на Општина Прилеп
Комисијата за недвижни и движни ствари
при Општина Прилеп
ОГЛАС
ИЗЈАВА
ПОНУДА
Линк до објавата за првиот дел
Линк до објавата за вториот дел