О Б Ј А В А за нацрт Б – интегрирана еколошка дозвола

Градоначалник на општина Прилеп согласно член 99 став 1, член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), ја издава следната:

О Б Ј А В А

за нацрт Б – интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), до Градоначалникот на општина Прилеп доставено е барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола бр.10-2539/1 од 06.10.2021 година.

Подносител на барањето:

ДПТУ МИП Марфил увоз – извоз ДОО Прилеп

Адреса:

Ул: „Александар Македонски“ бб – Прилеп

 Категорија на инсталација:

Прилог 2 Точ.6 Останати активности Подточка 6.3(б) Обработка за производство на храна од: животински суровини (освен млекото), со капацитет на производство на готови производи од 5 до 75 т/ден (Сл.весник 89/05).

Нацрт Б – интегрираната еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 14 дена во просториите на:

Општина Прилеп   Ул.Прилепски бранители  бр.1

Секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот

Секторот за Урбанизам, Комунални работи и заштита на животна средина

Ве информираме дека нацрт Б – интегрираната еколошка дозвола ќе биде достапно и во електронска форма на официјалната web страница www.prilep.gov.mk  на општина Прилеп.

Општина Прилеп

Градоначалник    Борче Јовчески

Нацрт Б-ИЕД- МИП Марфил (Repaired)

Општина Прилеп објавува Нацрт Б-ИЕД (2)