О Б Ј А В А на нацрт Б – интегрирана еколошка дозвола

Градоначалникот на Општина Прилеп согласно  член 107 став 13 а во врска со член 122 став 4 од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22) ја издава следната:

О Б Ј А В А

на нацрт Б – интегрирана еколошка дозвола

 

Согласно член 124 став 1 од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22), до Градоначалникот на Општина Прилеп доставено е барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола заведено со деловоден број бр.10-548/3  од 04.10.2024 година.

Подносител на барањето:

Прехрамбена индустрија ВИТАМИНКА АД – Подружница ФАБРИКА 2 Прилеп

Адреса на локацијата:  “Леце Котески” бр.60, Прилеп

 

Категорија на инсталација:

Прилог 2, Точка 6, Останати активности подточка 6.3 (б) постројки за обработка и преработка наменети за производство на храна, од растителни суровини со капацитет на производство на готови производи од 30 до 300t/ден (просечна вредност на квартална основа)

Нацрт Б–интегрираната еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 14 дена во просториите на:

Општина Прилеп
Ул.Прилепски бранители  бр.1
Секој работен ден во работно време
Секторот за Урбанизам комунални работи и заштита на животна средина

 

Ве информираме дека нацрт Б – интегрираната еколошка дозвола ќе биде достапна и во електронска форма на официјалната web страница www.prilep.gov.mk  на Општина Прилеп.

Општина Прилеп
Градоначалник   Борче Јовчески

10-494-1 Нацрт Б-ИЕД Витаминка 2

Општина Прилеп објавува Нацрт Б-ИЕД