Градоначалник на општина Прилеп согласно член 99 став 1, член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), ја издава следната:
О Б Ј А В А
на нацрт Б – интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), до Градоначалникот на општина Прилеп доставено е барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола бр.10-2285/1 од 02.09.2022 година.
Подносител на барањето:
ДППУ „Ламинати КОМ“ ДОО Прилеп
Адреса на локацијата: ул.„Александар Македонски“бр.122 Прилеп
Категорија на инсталација:
Прилог 2; Точка 6. Останати активности; Подточка 6.7. Инсталации за површинска обработка на материјали, предмети или производи во кои се користат органски растворувачи, пред се за превлекување, печатење, премачкување, одмастување, постигнување водоотпорност, премачкување со туткал, бојосување, чистење или импрегнирање, со капацитет на потрошувачка од 10 до 150 кг/час.
Нацрт Б – интегрираната еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 14 дена во просториите на:
Општина Прилеп
Ул.Прилепски бранители бр.1
Секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот
Секторот за Урбанизам, Комунални работи и заштита на животна средина
Ве информираме дека нацрт Б – интегрираната еколошка дозвола ќе биде достапно и во електронска форма на официјалната web страница www.prilep.gov.mk на општина Прилеп.
Општина Прилеп
Градоначалник
Борче Јовчески