Градоначалникот на општина Прилеп согласно член 99 став 1 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), ја издава следната:
О Б Ј А В А
на барање за Б – интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), до Градоначалникот на општина Прилеп доставено е барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола бр.10-2595/1 од 14.10.2021 година.
Подносител на барањето:
Друштво за производство, трговија и услуги СЕРТА КОМПАНИ Ристо ДОО експорт – импорт Скопје – Подружница КЛАНИЦА, КОЖАРА и други придружни објекти с.Мажучиште, Прилеп
Адреса на локацијата: ул. Бетовенова бр.10 Скопје
Категорија на инсталација:
Прилог 2. Точка 6.3 а. Кланица со капацитет на производство на трупови поголеми од 5 т/ден, но помали од 50 т/ден.
Точка 6.3. Постројки за штавење сурова кожа и кожа, со капацитет на обработка поголем од 0,5 т/ден, а помал од 12 т/ден готов производ.
Барањето за Б – интегрирана еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 15 дена по објава во дневниот печат, во просториите на:
Општина Прилеп
Ул. Прилепски бранители бб
Секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот, Секторот за Урбанизам, Комунални работи и заштита на животна средина
Ве информираме дека Барањето за Б – интегрирана дозвола ќе биде достапно и во електронска форма на официјалната web страница на општина Прилеп.
Информации во врска со барањето заинтересираната јавност може да добие во општина Прилеп.
Сите засегнати правни и физички лица во рок од 30 дена од денот на објавувањето на барањето имаат право да достават мислења и коментари во писмена форма до општина Прилеп, ул. Прилепски бранители бб, 7500 Прилеп.
Општина Прилеп Градоначалник
Борче Јовчески