Во прекрасен новогодишен бајковит амбинет, денеска напладне почна забавата што Општина Прилеп ја организираше за најмладите од градот.
Прошетката на Дедо Мраз со другите ликови од детските сказни почна на плоштадот, продолжи низ улиците на Прилеп. А, најмладите кои присуствуваа на забавата добија мали изненадувања.
Забавата беше збогатена со пригоден концерт на групата The Four.
Во пресрет на Новата година, во центарот на Прилеп, вечерва забавата почнува во 21:30 часот. Со варено вино со вкус на цимет, со топол чај и пријаните звуци на тамбурашите и Нино Величковски, со богатиот избор од репертоарот на Гоце Бошкоски – Чоки и Фортисимо Бенд, со извонредните The Hounds ќе ја пречекаме Новата 2019 година.
Градоначалникот Илија Јованоски новогодишната честитка до сите сограѓани ќе ја упати точно на полнок. А, потоа импресивниот огномет ќе го најави и старот на Новата 2019 година.
Забавата продолжува и во раните утрински часови со изборот музика на Dj Dave Schwartz и Dj Alek Young.
Градоначалникот Јованоски веднаш по полноќ ќе им ја честита Нова година на дежурните екипи во службата за Итна медицинска помош, во Територијалната противпожарна единица, Прилепската полиција, а ќе ги посети мајката и првото новородено бепче во градската болница.
Општина Прилеп ве поканува на заеднички пречек на Новата година на плоштадот „Методија Андонов Ченто“.
Среќно и бериќетно!