Нови инвестииции во ООУ „Гоце Делчев“

Со средства обезбедени од Општина Прилеп, Во ООУ „Гоце Делчев“ се врши
санација на дотраените и речиси неупотребливи училишни тоалети. Вредноста
на оваа инвестиција изнесува 60.000 евра.



„Благодарение на разбирањата на локалната самоуправа, градоначалникот
Илија Јованоски и Советот на Општина Прилеп, обезбедивме 60.000 евра за
санација на тоалетите која е веќе во тек. Вториот проблем со кој се соочувавме
беше балон салата, која е дислоцирана од училишнот двор. Оваа сала беше
дотраена и не беше во можност да се искористи, а за нејзиното одржување
месечно трошевме 500 евра. Дислокацијата ја извршивме по барање на
родителите, Советот на родители, училишниот одбор, а сите овие барања беа
доставени до Општината. Сакам да кажам дека правиме план на нејзино место
да изградиме игралиште за ракомет, кошарка и одбојка“, истакна Веле
Ѓорѓиоски, директор на ОУ „Гоце Делчев“.

Што се однесува до новата учебна 2018/19 година, неа годинава ќе ја започнат
80 првачиња кои се запишани во ова основно училиште, што значи дека е
задржана истата бројка како и во изминатите години.

„Во оваа учебна година во нашето училиште се запишани 80 првачиња.
Бројката е показател дека бројот на запишните првачиња е сличен со оној број
што бил во претходната учебна година. Она што е различно, е бројот на
запишани ученици во дневниот престој кај нас, кој е во пораст“, посочи
Љилјана Дунимаглоска, психолог во ООУ „Гоце Делчев“.

Исто како и во изминативе години, годишната Програма на училиштето се
реализира со планираната динамика. Што се однесува до инвестициите на
локалната самоуправа, Општина Прилеп и понатаму ќе продолжи да инвестира
во образовните институции.