Нова компјутерска опрема и нагледни средства за СОУ „Орде Чопела“

Средното училиште „Орде Чопела“ доби вредна компјутерска опрема и нагледни средства од Министерството за образование и наука за подобрување на образовниот процес.

Компјутерската опрема и нагледните средства кои ги доби средното
училиште „Орде Чопела“ се дел од проектот за поддршка и развој на
вештини и иновации, спроведуван од Министерството за образование и
наука.

Новата опрема во компјутери и нагледни средства ќе овозможи да се
олесни воспитно – образовниот процес како и подобрување и
збогатување на знаењата од областа на информатичко – компјутерската
технологиј и проширување на знаењата на учениците.

„Средното општинско училиште „Орде Чопела“ доби вредна опрема преку
Министерството за образование и наука, преку проектот за поддршка и
развој на вештини и иновации , преку проектот SKILLS . Во опремата
добивме интерактивна табла со проектор и софтвер, дваесет персонални
компјутери леново, мулти – медија проектор, лаптоп компјутери, скенер,
мулти –функциски печатач – фотокопир и дигитална камера. Со оваа
опрема значително ќе се подигни нивото на користење на информатичко
– компјутерската технологија во наставата во нашето училиште“, истакна Анета Пејоска, директор во СОУ „Орде Чопела“

Реализацијата на овој проект на Министерството за образование и наука
има за цел модернизација и зајакнување на квалитетот на образовниот
процес во средните стручни училишта.