Нов лик на детските игралишта во населбите Варош, Точила и Типски куќи

Согласно Програмата за комунално уредување и поставување на урбана
опрема на Општина Прилеп за 2018 година, фирмата „Прилепски
Текстилен Конзорциум“ увоз–извоз ДООЕЛ Прилеп, работи на
рехабилитирање на детските игралишта и спортските терени во повеќе
делови од градот.

Детските игралишта во населбите „Варош“, “Точила“ и “Типски“ добија
нови подлоги, клупи, лизгалки и останати детски реквизити. Обележени
се патеките на спортските игралишта, заменети се старите кошаркарски
табли со нови, поставена е нова вештачка трева, а исто така е извршено
и молерисување на постојните делови.

Исто така, се работи на генерално чистење на населбите, а посебен
акцент е ставен на просторот околу амфитеатарот во Варош, каде се
обновени и уништените клупи.

Работите на терен ќе продолжат и понатаму. На ред се детските
игралишта во населбите “Рид“ и „Димо Нареднико“.