Водата од јавните чешми во населените места Беловодица, Лениште,
Ореовец, Крстец, село Плетвар и крајпатна чешма “ЧЕ“, не е здравствено
исправна за пиење информираат од Центарот за јавно здравје – Прилеп.
Според стручните лица од ЈЗУ Центар за јавно здравје Прилеп, водата од овие
чешми не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути.
Од Центарот вршат редовни анализи на исправноста и квалитетот на водата за
пиење од јавните чешми во населените места, каде што нема водоводи кои
што се вклучени во водоводната мрежа со која стопанисува ЈКП „Водовод и
канализација“.