Поради силните поројни дождови кои денеска го зафатија Прилеп, населбата Тризла беше погодена од поплави во кои настрадаа неколку куќи на улицата „Дебарца“.
По пријава на граѓаните, населбата ја посети и претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски, како и екипите на ЈКП „Водовод и Канализација“ кои веднаш започнаа со расчистување на теренот од наносите, како и со расчитување на одводните канали кои не се исчистени подолг период.
Жителите на оваа населба искажаа голема благодарност од навремената интервенција на Општина Прилеп и Јавните претпријатија.