Градоначалник на општина Прилеп согласно член 99 став 1, член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), ја издава следната:
О Б Ј А В А
за нацрт Б – интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), до Градоначалникот на општина Прилеп доставено е барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола бр.10-2381/1 од 17.09.2021 година.
Подносител на барањето:
„Ларин Мрамор Компани“ А.Д.-Скопје
Ул: „Гоце Делчев“ бр.45/1 – Прилеп
Адреса:
Локацијата на инсталацијата се наоѓа на локалитет „Галабовец“ с.Нов Присад, општина Прилеп
Категорија на инсталација:
Прилог 2. Точка 3. Индустрија на минерали, 3.2 Инсталации за ископ, дрбење, мелење, сеење и загревање на минерални суровини.
Нацрт Б – интегрираната еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 14 дена во просториите на:
Општина Прилеп Ул.Прилепски бранители бр.1
Секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот
Секторот за Урбанизам, Комунални работи и заштита на животна средина
Ве информираме дека нацрт Б – интегрираната еколошка дозвола ќе биде достапно и во електронска форма на официјалната web страница www.prilep.gov.mk на општина Прилеп.
Општина Прилеп
Градоначалник Борче Јовчески