Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романовиќ Державин“ од Битола го организира вториот дводневен аматерски шаховски турнир „Державин“. Турнирот ќе се одржи на 22 и 23 декември во големата конференциска сала на Универзитетот со почеток во 11:00 часот.
Од Универзитетот истакнуваат дека на турнирот може да учествуваат членови на шаховски клубови, но исто така и аматери од 15 до 27 годишна возраст. Крајниот рок за пријавување е до 15 декември 2017 г., а учесниците треба да платат и котизација од 200 денари за двата дена. Во котизацијата се вклучени закуски и пијалоци.
За најдобрите тројца шахисти се предвидени награди. За прво место, лаптоп плус „Златна плакета“, за таблет и „Сребрена плакета“ а за трето место шаховски сет плус „Бронзена плакета“. Специјални награди се предвидени и за најдобрата шахистка и за најперспективниот млад шахист до 18 години.