Во недела на мотокрос патеката во Лагово во близина на Прилеп ќе се одржи годинешното Отворено државно првенство на Македонија, „Сторм рајдерс“, со почетокот од 10.30 часот, во организација на прилепскиот клуб „Скај рајдерс“.
Според Златко Спиркоски, организатор на мото трката, досега се пријавени 30 –ина учесници од Македонија, Бугарија, Србија, а најавени се и гости од Грција. Трката ќе се одржи во четири категории: МX1,MX2, MX3 и OPEN класа.
„Очекуваме трката да трае до 14 часот. На најдобрите учесници ќе им бидат врачени награди и признанија. Патеката кај Лагово е најнова во однос на другите во државата, но морам да истакнам дека е изградена според стандардите, затоа и интересот на учесниците е голем“,вели Спиркоски.
Мото трките во Прилеп се одржуваат шеста година по ред. Клубот „Скај рајдерс“ посветено работи на промоција на бројни спортови, коишто придонесуваат Прилеп да биде значајна дестинација на спортската мапа во регионот, а со тоа да се развива и туризмот во градот.
Мото крос трката се одржува со поддршка на Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски