Миле Спирковски – добитник на награда плакета „3-ти Ноември“

Миле Спирковски, водич во Спомен домот Блаже Конески во Небрегово, годинава ја доби наградата диплома „3-ти Ноември“, за придонес во одржувањето на родната куќа на великанот Блаже Конески.

Спирковски е и главниот иницијатор за нејзина реконструкција и претворање во музеј. Тој потенцира дека веднаш по смртта на Конески започнал со иницијативата неговата родна куќа да прерасне во Спомен дом. Лобирал во општините Прилеп и Долнени, Друштвота за наука и уметност во Прилеп, Заводот и Музеј Прилеп, Друштовото на писатели, Филолошкиот факултет и МАНУ.

Вели дека на патот на оваа идеја застанале и голем број негатори на македонскиот јазик и Конески, но не успеале во тоа. На 1 август 2005 година во присуство на највисокиот државен, црковен и воен врв, и голем број на дипломатско конзуларни претставници акредитирани во Македонија се отвори официјално Спомен домот на Блаже Конески.

Конески ја составил македонската азбука, ги напишал македонскиот правопис и граматика. Заедно со уште тројца колеги над 10 години го собирале зборовното богатство на македонскиот јазик и притоа собрале над 70.000 зборови и истите ги собрале во еден тротомен речник. Во наредните 4 години Конески сам го редактирал тој речник.

Спирковски нагласува дека примајќи ја трето ноемвриската награда се чуствувам како најгордиот човек во Македонија и пошироко, затоа што куќата на Конески претставувала едно литературно и културно предание кое раскажува за човекот кој со македонскиот јазик и култура се прослави во целиот свет и не прослави нас како Македонци.