Врз основа на предлогот на Комисијата за спроведување на постапка за субвенционирање /надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2022 година, а во согласност со Јавниот повик од 2022 година, „Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање / надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди“ со број 09-595/31 од 15.03.2021 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.3/2021) и Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција/надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2022 година Број 09-1958/4 од 08.06.2022 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.6 од 08.06.2022 година), Општина Прилеп објавува Финална листа на баратели кои ги исполниле, односно не ги исполниле критериумите субвенционирање / надоместување на дел од трошоците за купување на велосипед за 2022 година.
Од вкупно пристигнатите 415 барања, 402 баратели ги исполниле критериумите, додека 13 баратели не ги исполниле критериумите за надомест на дел од трошоците за купување велосипеди за 2022 година.
Листа на баратели кои ги исполниле условите – преземи
Листа на баратели кои НЕ ги исполниле условите – преземи
Напомена: Листите ќе бидат достапни на www.prilep.gov.mk 15 дена од денот на објавувањето.