Во најголемата граѓанска акција во историјата на човештвото, на 15-ти септември
2018 година, на Светскиот ден на чистењето, милиони волонтери во 150 земји ќе
се обединат, во еден ден да го исчистат светот од расфрлениот отпад. Акцијата е
иницирана од Let’s Do It! World движењето.
Let’s Do It! World е најбрзорастечкото граѓанско движење во светот, кое ги
поврзува и ги охрабрува граѓаните, општините, компаниите и владите да ги
исчистат своите земји од лошо управуваниот отпад. Од 2008 година, речиси 20
милиони луѓе од целиот свет се приклучиле на Let's Do it! World движењето. 15
септември 2018 година е Светски ден на чистење, кога милиони волонтери во
мрежа од 150 земји ќе се обединат да го чистат светот во еден ден.
Во нашата држава, овој настан ќе биде организиран од страна на Здружението за
одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин од Скопје, кое го
претставува Светскиот ден на чистење во Република Македонија, во соработка со
Министерство за животна средина и просторно планирање.
Првиот чекор за одржување на Светскиот ден на чистење, е утврдување каде се
наоѓа расфрлениот отпад. За да се постигне тоа, се работи на градење на
Светската платформа за отпад, која ги комбинира податоците од различни
апликации за мапирање на отпадот, што ќе му овозможи на секој поединец,
општина, институција или компанија, лесен пристап до глобалните податоци за
отпадот.
За таа цел, на официјалната веб страна на Општина Прилеп ќе биде поставена
апликација, со чија помош граѓаните на Прилеп ќе можат да ги мапираат, односно
да ги пријават сите диви депонии во градот и околината.
Линк од апликацијата: https://www.worldcleanupday.org/map-it/