Комисијата за еднакви можности од општина Прилеп во соработка со стручни лица- гинеколози остварија активност низ сите ОУ од нашиот град на тема: “Прерано стапување во сексуални односи ” со цел да се едуцираат учениците од 9то одделение и да се зголеми свеста за последиците од прерано стапување во сексуални односи.
Голема благодарност до Д-р Александра Еклер
Д-р Јулија Јоноска
Д-р Биљана Кржеска што своето знаење несебично го споделија со нашите ученици со цел да ги едуцираат и да им помогнат да растат и да се грижат за сопственото здравје за да останат здрави личности.