Ќе се гради детски парк на местотот од депонијата позади егејските згради

Екипи од Јавното претпријатие „Комуналец“ веќе два дена работат на
расчистување на градежен шут и отпад лоциран на улицата „Александар
Македонски“, позади егејските згради. На барање на жителите од оваа населба
се планира расчистениот простор да прерасне во катче за одмор и рекреација.
Изградбата на детскиот парк и урбаната опрема се проект на Општина Прилеп
и ЈКП „Комуналец“ а детските реквизити за уредување на забавниот просторот
за најмладите ги донира наш сограѓанин кој не сака да се експонира а е
иницијатор за реализацијата на овој градежен зафат. Негова желба е ова
место кое што го потсејќа на деновите од детството во соработка со
надлежните институции да прерасне во парк прилагоден за одмор и
рекреација.