Одбележувајќи го Денот на патронот на Македонската православна црква,
големиот просветител и првиот македонски епископ Свети Климент Охридски,
уште еднаш се потсетуваме на неговото грандиозно и безвременско животно
дело.
Како основоположник на Охридската книжевна школа, низ која минале околу
3.500 ученици и од која произлегле многу учители ширум словенскиот свет, а
пред се’ како човек кој целиот свој животен век го посветил на духовноста и
описменувањето, Св. Климент ќе остане трајно врежан во македонското и
светското културно наследство.
Хуманото дело на најпосветениот ученик на Светите Кирил и Методиј и
продолжувач и продлабочувач на нивната мисија за просветлување на
народите, е неизбришлив дел од развојот на врвните цивилизациски
вредности.
Да го продолжиме патот на хуманоста и човекољубието, којшто пред повеќе од
11 века го зацрта Св.Климент Охридски.
Нека ни е честит и вековит празникот.