Порака на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, 3 Декември:
Одбележувањето на 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, има за цел да ја промовира и да ја мобилизира поддршката за достоинство, права и благосостојба на овие лица.
Истовремено, неопходен е уште поголем ангажман на целата заедница во насока на зголемување на свеста за придобивките кои што произлегуваат од интеграција на лицата со инвалидност во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот.
Општина Прилеп и јас како нејзин градоначалник, работиме и се залагаме за инклузивност и еднаквост на лицата со попреченост, за подобар пристап до образованието, поголема здравствена и социјална заштита, односно создавање на еднакво општество за сите.
Во таа насока, во 2018 година отворивме Дневен центар за лица со церебрална парализа, а минатата 2019 година финансиски го поддржавме и отворањето на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака“.
Со тоа, на најдобар начин покажавме грижа за лицата со инвалидност и презедовме конкретни чекори за надминување на предрасудите и бариерите кои им стојат на патот.
Нека е честит Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, 3 Декември!