ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп интензивно работи на реконструкција на старите водоводни мрежи на повеќе локации, со цел да се обезбеди чиста и технички исправна вода за пиење а со тоа подобар живот на граѓаните во град Прилеп. Обезбедувањето на чиста и технички исправна вода за граѓаните е должност на секоја одговорна локална власт и на Јавното комунално претпријатие Водовод и канализација – Прилеп.
Реконструкцијата на водоводната мрежа е при крај на улица Мечкин Камен. На улица Мечкин Камен старата водоводна мрежа беше со големина од 1 цол, во должина од 280 метри а истата е заменета со нова линија ДН 90 полиетиленска и на истата на граѓаните им се дадени 40 приклучоци.
Со оваа реконструкции околу 40 домаќинства се ослободија од старите дотраени цевки и на стотина жители им е подобрен кавалитетот на пивката вода