ЈКП „Комуналец“ забрзано работи на чистење и уредување на градот

ЈКП „Комуналец“ ги привршува работите со косење на тревата од
проблематичниот дел на речното корито. Според Звонко Јованоски, в.д. директор
на јавното комунално претпријатие, годинава косењето на овој дел од реката се
врши 20 дена порано, во однос на претходните години.

Исто така, ЈКП „Комуналец“ е ориентиран кон чистење и косење на сите парковски
површини во градот, во населбите „Ѓогдере“, „Вишне“, паркот на „Петта Прилепска
бригада“, а особено внимание е посветено на уредување на Паркот на
револуцијата.

Во пресрет на „Пивофест“, ангажманот на вработените во комуналното
претпријатие ќе биде насочен кон чистење и уредување на влезовите во градот, а
ќе се работи и на уредување на површини, што не се опфатени со оперативната
програма на претпријатието.

„Како општествено одговорно јавно претпријатие, вршиме услуги и на тие делови
што не се опфатени со оперативата програма. ЈКП ‘Комуналец’ е основано од
Општината, од граѓаните, и треба да одговори на нивните потреби. Како јавно
комунално претпријатие, тука сме за пофалби, за критики, да излеземе пресрет на
сите барања на граѓаните“, истакна в.д. директорот Јованоски.