Јавна презентација и јавна анкета

Се организира јавна анкета и јавна презентација на АРХИТЕКТОНСКО УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ за ПРЕПАРЦЕЛАЦИЈА ОДНОСНО ФОРМИРАЊЕ НА НОВИ ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ ГП 1, ГП 2, ГП 3, ГП 4 И ГП 5 ОД ПОСТОЈНА ГП 1.1 ЗА СТОПАНСКИ КОМПЛЕКСИ ВО КО БЕРОВЦИ, ОПШТИНА ПРИЛЕП

Градежната парцела 1.1 согласно Изводот од ЛУПД за која треба да се изработи АУП се наоѓа на к.п. бр. 1064/9, 1066/1, 1066/3, 1064/12, 1064/8, 1064/1, 1066/2, 1063/2,1061/15, 1061/14, 1063/1 и 1066/5 ко Беровци.Градежната парцела 1.1 согласно ажурираната подлога површината на опфатот кој се движи по границите на градежната парцела изнесува 145 213,79 м2. Градежната парцела ГП 1.1, предмет на овој Архитектонско урбанистички проект, се наоѓа покрај магистралниот пат А3 (Битола – Прилеп), КО Беровци од југоисточната страна на патот. Границите на проектниот опфат од сите страни се движат по катастарските граници на соседните парцели. Парцелата е на просечна надморска висина од 637м. Теренот е во многу благ пад од околу 0.04% во правец од југо запад кон северо исток.

Вкупната површина на новоформираната градежна парцела е 145 213,79 м2.

Јавната анкета и јавната презентација на АРХИТЕКТОНСКО УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ за ПРЕПАРЦЕЛАЦИЈА ОДНОСНО ФОРМИРАЊЕ НА НОВИ ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ ГП 1, ГП 2, ГП 3, ГП 4 И ГП 5 ОД ПОСТОЈНА ГП 1.1 ЗА СТОПАНСКИ КОМПЛЕКСИ ВО КО БЕРОВЦИ, ОПШТИНА ПРИЛЕП, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на Општина Прилеп и на интернет страната на општината www.prilep.gov.mk. Јавната анкета ќе трае 5 работни дена од 29.05.2019г. до 05.06.2019г. секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 05.06.2019г. во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

СООПШТЕНИЕ

ПЛАН