Се организира јавна презентација и јавна анкета по Предлог Детален урбанистички план за четврт 3, блок 3.13, КО Прилеп,Општина Прилеп. Границата на планскиот опфат на блокот 3.13 е дефинирана по следниот редослед:
Југоисточната граница почнува од накрсната точка на осовините на собирните улици, булевар “Гоце Делчев” со ознака С1 и сервисната улица “Кузман Јосифоски” со ознака Ср10 и оди кон североисток по осовината на булевар “Гоце Делчев” до нејзината вкрсна точка со собирната улица “Прилепски бранители” со ознака С11 во должина од 300м’, потоа врти во северозападен правец по осовината на собирната улица “Прилепски бранители”, се до вкрсната точка со осовината на сервисната улица “Архиепископ Доситеј” во должина од 233м’, потоа врти кон југоосток по осовината на сервисната улица “Архиепископ Доситеј”, се до вкрсната точка со сервисната улица “Кузман Јосифоски” во должина од 370м’, потоа врти во југоисточен правец по осовината на улица “Кузман Јосифоски” во должина од 285м’, се до накрсната точка со собирната улица, булевар “Гоце Делчев ”, која е и почетна точка на границата на опфатот формирајќи затворен полигон со површината на планскиот опфат од 71 889,09м2, односно 7,19ха. Периметарот на границата на планскиот опфат изнесува 1187,35м’.
Планскиот опфат потребно е да се изработи детален урбанистички план во рамки на Блок за детално планирање 3.13, со група на класа на намена А – домување, Б – комерцијални и деловни намени, В3 – Култура, В4 – државни институции, В5 – Верски институции, Д1- парковско зеленило и Е2 – Комунална супраструктура.
Јавна анкета и јавната презентација по Предлог Детален урбанистички план за четврт 3, блок 3.13, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на Општина Прилеп.
Јавната анкета ќе трае 10 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 08.05.2019г. до 21.05.2019г. секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 17.05.2019 година во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.