Јавна презентација и јавна анкета

Се  организира јавна презентација и јавна анкета по Предлог Детален урбанистички план за четврт 11, блок 11.2, КО Прилеп,Општина Прилеп.

Границата на планскиот опфат на блокот 11.2  е дефинирана по следниот редослед:

Северната граница почнува од накрсната точка на осовините на собирната улица “Александар Македонски” со ознака С8 и сервисната улица “Новопланирана 1101” со ознака Ср9 и оди по осовината на улица “Александар Македонски” до нејзината вкрсна точка со сервисната улица “Новопланирана 1102″ со ознака Ср9, потоа врти во јужен правец по осовината на сервисната улица ” Новопланирана 1102″, се до вкрсната точка со осовината на сервисната улица “Цане Кузманоски”, потоа врти кон исток по осовината на истата сервисна улица „Цане Кузманоски“ со ознака Ср9, се до вкрсната точка со сервисната улица “Новопланирана 1101” со ознака Ср9, каде врти во североисточен правец по осовината на улица “Новопланирана 1101” со ознака Ср9, се до накрсната точка со собирната улица „Александар Македонски“ С8 која е и почетна точка на границата на опфатот формирајќи затворен полигон со површината на планскиот опфат 130150,69 м2, односно 13,015ха.

Јавна анкета и јавната презентација по Предлог Детален урбанистички план за четврт 11, блок 11.2,  ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на Општина Прилеп.

Јавната анкета ќе трае 10 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 30.04.2019г. до 14.05.2019г. секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавна презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 06.05.2019 година во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

СООПШТЕНИЕ

ПЛАН