Се организира јавна презентација и јавна анкета по Предлог Урбанистички план за село Канатларци, КО Канатларци, Општина Прилеп.
Границата на планскиот опфат на УПС Канатларци е лоцирана и се наоѓа јужно од градот Прилеп на оддалеченост од ~23км., од истиот. Локацијата е поставена на рамничарски терен со надморската височина која е во распон од 610 – 640m. Западно од селото е регионалниот пат Р1101 (Р106-стара ознака).
Планскиот опфат, има површина од 89,20ха и лежи на територијата која како крајни точки ги има следните координати:
ПОВРШИНА: 892001.0541m² , ПЕРИМЕТАР: 5906.4195m’
Источна х-7543227.5600, у-4563077.7400
Северна х-7542742.9600, у-7542742.9600
Западна х-7542006.8500, у-4562827.7500
Јужна х-7542461.7679, у-4562340.4287
Јавна анкета и јавната презентација по Предлог Урбанистички план за село Канатларци, КО Канатларци, Општина Прилеп, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на Општина Прилеп.
Јавната анкета ќе трае 5 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 08.04.2019г. до 12.04.2019г. секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 12.04.2019 година во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.