Се организира јавна презентација и јавна анкета по Предлог Детален урбанистички план за четврт 2, блок 2.3, КО Прилеп,Општина Прилеп.
Границата на планскиот опфат на блокот 2.3 е дефинирана по следниот редослед:
со Северната и северо-западната граница се движи по должина на осовината на сервисната улица, ул. “Новопланирана 201” со ознака Ср9 во должина од 499,29м’, на исток оди по осовината на сервисната улица “Новопланирана 202” со ознака Ср9 во должина од 287,27м’, потоа врти во јужен правец по осовината на собирната улица “Самоилова”, со ознака С3, во должина од 635,26 која е и почетна точка на границата на опфатот формирајќи затворен полигон
Планскиот Опфат е со површина од 11,08 ха.
Јавна анкета и јавната презентација по Предлог Детален урбанистички план за четврт 2, блок 2.3, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на Општина Прилеп.
Јавната анкета ќе трае 10 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 18.02.2019г. до 01.03.2019г. секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје
опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 01.03.2019 година во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.