Јавна презентација и јавна анкета

Се организира јавна анкета и јавна презентација  на Архитектонско урбанистички проект (АУП) за ГП бр.1.1, по ДУП за УЕ 1 и 2, дел од УБ 1.4 и 2.4, локалитет Точила, ООУ Блаже Конески – Прилеп, Општина Прилеп.

Проектниот опфат е дефиниран со полигонална гранична линија, која се поклопува со надворешните граници на постојната градежна парцела .

Вкупната површина на новоформираната градежна парцела е 15255м2.

Јавната анкета и јавната презентација на Архитектонско урбанистички проект (АУП) за ГП бр.1.1, по ДУП за УЕ 1 и 2, дел од УБ 1.4 и 2.4, локалитет Точила, ООУ Блаже Конески – Прилеп, Општина Прилеп., ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на Општина Прилеп и на интернет страната на општината www.prilep.gov.mk. Јавната анкета ќе трае 5 работни дена од 19.06.2019г. до 25.06.2019г. секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 25.06.2019г. во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

Превземања: СООПШТЕНИЕ | ПЛАН

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Прилеп
Илија Јованоски