Се организира јавна презентација и јавна анкета по ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА БЛОК 4.2.5, ФОРМИРАН СО РЕГУЛАЦИСКИ ПЛАН ЗА ГУП НА ГРАД ПРИЛЕП ЗА ЧЕТВРТ 4, БЛОК 4.2, ОПШТИНА ПРИЛЕП кој се наоѓа во западниот прериферен дел од градот Прилеп и го дефинираат следниве граници:
Описот на планскиот опфат почнува од север и се движи кон исток во насока на стрелките на часовникот. Од северната страна граничи со осовината на планираната сервисна улица С4, на источната страна опфатот ја следи границата на блокот 4.2.5. т.е. источната граница на КП 6042, КО Варош и осовината на планираната сервисна улица С1. На југ границата на планскиот опфат ја следи осовината на планираната собирна улица С8 дефинирана на постојната улица „Леце Котески“ – пат Крушево – Прилеп, а на запад планскиот опфат во јужниот дел е дефиниран по осовината на планираната Магистрална улица М1– Обиколница Запад, а во северниот дел западната граница се движи по границата на планскиот опфат на градот по ГУП за град Прилеп.
Превземете ги одлуката, соопштението и планот.