Јавна презентација и јавна анкета

Врз основа на член 35 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен Весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50, точка 4 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на РМ бр.5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, ,Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното:

СООПШТЕНИЕ

Се организира  јавна презентација и јавна анкета по Архитектонско – урбанистички проект за формирање на две градежни парцели од Г.П. бр. 35, УБ 1.04, УАЕ 1, на КП бр. 3394, м.в. Бакалица, КО Варош, општина Прилеп. Проектниот опфат е дефиниран со полигонална гранична линија, која се поклопува со надворешните граници на постојната градежна парцела.

Вкупната површина на новоформираната градежна парцела е 3977 м2.

Јавната анкета и јавната презентација на Архитектонско – урбанистички проект за формирање на две градежни парцели од Г.П. бр. 35, УБ 1.04, УАЕ 1, на КП бр. 3394, м.в. Бакалица, КО Варош, општина Прилеп, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на Општина Прилеп и на интернет страната на општината www.prilep.gov.mk. Јавната анкета ќе трае 5 работни дена од 27.01.2020 до 31.01.2020г. секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 31.01.2020г. во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

Превземи АУП и соопштение

ГРАДОНАЧАЛНИК

на Општина Прилеп

Илија Јованоски