ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПЛАНОТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПЛАНОТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА
КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА ПРИЛЕП ЗА ПЕРИОД 2023-2027

Врз основа на член 69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М.
бр. 53/05, 81/2005, 79/2006, 101/2006, 109/2006, 24/2007, 159/2008, 83/2009,
161/2009, 1/2010, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 187/2013,
42/2014, 44/2015, 129/2015, 192/2015, 39/2016, 28/2018, 65/2018, 99/2018,
176/2021, 216/2021, 89/2022, 99/2022 и 171/2022) и Измените и дополнувањата на
Законот за квалитет на амбиентен воздух (Сл. Весник на РМ бр.151/21),
Градоначалникот на Општина Прилеп:

О Р Г А Н И З И Р А

Јавна презентација и јавна расправа за Планот за подобрување на квалитетот на
амбиентниот воздух за Општина Прилеп (2023-2027).
Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа Планот за подобрување
на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Прилеп (2023-2027).
Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Прилеп
(2023-2027) е објавен на веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk
почнувајќи од 21.03.2024 год. до 23.04.2024 год.
Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 23.04.2024 година во
големата сала на Општина Прилеп, со почеток во 10 часот.
Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска
со Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Прилеп
(2023-2027) до Општина Прилеп во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа
информација.
Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го
дадат своето мислење, забелешки и предлози и истите можете да ги испраќате на е-
маил: t.stojanoska1980@gmail.com , или по пошта на следната адреса: Општина
Прилеп, ул. ,,Прилепски бранители’ бр.1 Прилеп.

Градоначалник
на Општина Прилеп
Борче Јовчески

Final_Plan za vozduh Prilep

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПЛАНОТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА ПРИЛЕП за период 2023