Јавен увид за урбанистички проект

БР. 10-163/4

од 02.03.2022

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

Врз основа на член 62, став (10) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20) и донесената ПРОГРАМА за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2022 година со Одлука број 09-157/32 од 17.01.2022 година обајвена во Службен гласник на Општина Прилеп бр.01/22 донесена од страна на Советот на Општина Прилеп , Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното

СООПШТЕНИЕ

За спроведување на јавен увид на

 УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН Е1.1 СООБРАЌАЈНИ ПАТНИ ИНФРАСТРУКТУРИ (сообраќаен пристап од постоен катастарски пат) Е1.8 ВОДОВИ  ЗА ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА (10(20)kv кабелски вод и ТС 250Kva) КО Плетвар Општина Прилеп

 член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Прилеп дека се организра Јавен увид по УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН Е1.1 СООБРАЌАЈНИ ПАТНИ ИНФРАСТРУКТУРИ (сообраќаен пристап од постоен катастарски пат) Е1.8 ВОДОВИ  ЗА ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА (10(20)kv кабелски вод и ТС 250Kva) КО Плетвар Општина Прилеп, со тех.бр.У–01-1/2021 од Ноември 2021 година изработен од Друштво за производство, градежништво и трговија ИЗОФАС ДОО Прилеп.

 член 2

Проектниот опфат на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН Е1.1 СООБРАЌАЈНИ ПАТНИ ИНФРАСТРУКТУРИ (сообраќаен пристап од постоен катастарски пат) Е1.8 ВОДОВИ  ЗА ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА (10(20)kv кабелски вод и ТС 250Kva) КО Плетвар Општина Прилеп е опфатен во рамките на урбаниот опфат на Просторниот План на Република Македонија, според кој се изработени условите за планирање на просторот од страна на Агенцијата за планирање на просторот – Скопје, Република Македонија, со технички број Y19321 од Октомври 2021 година.

Проектниот опфат за Урбанистичкиот Проект вон опфат на урбанистички план за  Е1.1 СООБРАЌАЈНИ ПАТНИ ИНФРАСТРУКТУРИ  (сообраќаен пристап од постоен катастарски пат) и Е1.8 ВОДОВИ ЗА ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА (10(20)kv кабелски вод и ТС 250Kva) КО Плетвар – Општина Прилеп, се наоѓа во концесискиот простор кој пак се наоѓа на североисточниот рабен дел на Пелагониската котлина на оддалеченост од 10км., североисточно од градот Прилеп, додека оддалеченоста од регионалниот пат Прилеп – Градско изнесува 1км. На микро план концесискиот простор се наоѓа западно од селото Плетвар на растојание од околу 1км. Граничните точки на одобрената концесија поврзани со прави линии помеѓу себе ги имаат следните координати:

 

точка Координати х Координати у
Т1 4 581 750 7 553 625
Т2 4 581 750 7 554 550
Т3 4 581 500 7 554 550
Т4 4 581 500 7 554 000
Т5 4 581 140 7 554 000
Т6 4 581 325 7 553 740
Т7 4 581 600 7 553 625

 

Проектниот опфат во однос на концесискиот простор се наоѓа во југозападниот дел и е дефиниран со (прекршни) точки дадени во следната табела:

 

точка Координати х Координати у
1 4 581 143 7 553 946
2 4 581 184 7 553 908
3 4 581 245 7 553 862
4 4 581 324 7 553 837
5 4 581 324 7 553 847
6 4 581 328 7 553 847
7 4 581 328 7 553 772
8 4 581 324 7 553 772
9 4 581 324 7 553 834
10 4 581 198 7 553 883
11 4 581 175 7 553 906
12 4 581 141 7 553 943

 

 Парцелите зa кoи треба да се изработи Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план кој опфаќа делови од истите се наоѓаат во реонот на наоѓалиштето “Дупен Камен“ кај село Плетвар во општина Прилеп.

Трасата во предвидениот опфат поминува низ дел од парцелата бр. 505/1 со намена – катастарска култура – “нива“, класа 6 и  дел од парцелата 506/1  со намена-катастарска култура “пасишта“, и истите се надвор од градежниот реон на с. Плетвар,  односно се  сместани во месност Прдовец.

Проектниот опфат е со површина од 1647,33м2, додека должината на предвидениот кабелски вод е 71,00м1, а новата ТС е предвидено да се постави во дел од кп 505/1.

За овие  парцели Министерството за економија има издадено Дозвола за експлоатација на мермеризиран варовник на локалитетот “Дупен Камен“ с. Петвар општина Прилеп, заведена под бр. 24-3367/1 од 11 04 2008 год, како и Договор за концесија заведен под бр.24-5567/1 од 13.11.2014година на правното лице “МИКЕ ИНЖЕНЕРИНГ“  ДОО Прилеп, општина Прилеп.

 ЈАВЕН УВИД

 На УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН Е1.1 СООБРАЌАЈНИ ПАТНИ ИНФРАСТРУКТУРИ (сообраќаен пристап од постоен катастарски пат) Е1.8 ВОДОВИ  ЗА ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА (10(20)kv кабелски вод и ТС 250Kva) КО Плетвар Општина Прилеп со тех.бр.У–01-1/2021 од Ноември 2021 година изработен од Друштво за производство, градежништво и трговија ИЗОФАС ДОО Прилеп ќе трае 15 дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Прилеп https://www.prilep.gov.mk/ и на официјалната страна од е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во периодот од 04.03.2022 до 18.03.2022 година за кое време може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден од 08.30 до 15.30 во просториите на Општина Прилеп, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина.

Изработил

Даме Димески м.а.

Контролирал

Васе Никоска д.и.а.

ГРАДОНАЧАЛНИК

На Општина Прилеп

Борче Јовчески

Aнкетен лист за ЈА и ЈП

Соопштение за Јавен увид

Урбанистички проект вон опфат на УП – ко Плетвар