Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови

Јавниот повик се распишува согласно на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр. 199/2014,  44/2015, 193/2015, 31/2016, 163/2016 и 64/2018), во третиот  квартал од 2018год.

  • Во период од 31 ден, сите заинтересирани физички и правни лица треба да достават иницијативи за изработка на Урбанистички планови од членот 7 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.
  • Предмет на иницијативите може да биде донесување на нов Урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки Урбанистички план или Урбанистичко-планска документација со конкретен предлог од подносителот на иницијативата.
  • Јавниот повик ќе трае од 07.09.2018 до  07.10.2018год. – 31 дена, сметано од објавата во дневното  гласило .
  • Јавниот повик ќе биде објавен на интернет страната на Општина Прилеп, prilep.gov.mk, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам и преку објава во службеното гласило на општината.
  • Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма преку архивата на Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Прилеп или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок
  • За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативи.
  • Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2018год.
  • Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите – правни или физички лица.

ГРАДОНАЧАЛНИК
На Општина Прилеп
Илија Јованоски

Превземете ја одлуката и соопштението