Јавниот повик се распишува согласно на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/2016 и 163/2016), во првиот квартал од 2018год.
- Во период од 31 ден, сите заинтересирани физички и правни лица треба да достават иницијативи за изработка на Урбанистички планови од членот 7 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.
- Предмет на иницијативите може да биде донесување на нов Урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки Урбанистички план или Урбанистичко-планска документација со конкретен предлог од подносителот на иницијативата.
- Јавниот повик ќе трае од 26.03.2018 до 25.04.2018год. – 31 дена, сметано од објавата во дневното гласило .
- Јавниот повик ќе биде објавен на интернет страната на Општина Прилеп, prilep.gov.mk, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам и преку објава во службеното гласило на општината.
- Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма преку архивата на Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Прилеп или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок
- За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативи.
- Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2018год.
- Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите – правни или физички лица.
ГРАДОНАЧАЛНИК
На Општина Прилеп
Илија Јованоски
Превземете ја ОДЛУКАТА и СООПШТЕНИЕТО