Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/2016,163/2016, 64/2018 и 168/2018), Градоначалникот на Општина Прилеп го донесува следното:

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат граѓаните и правните лица на територијата на Општина Прилеп, дека се распишува:

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови

Јавниот повик се распишува согласно на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр. 199/2014,  44/2015, 193/2015, 31/2016, 163/2016, 64/2018 и 168/18):

  • Во период од 31 ден, сите заинтересирани физички и правни лица може да достават иницијативи за изработка на Урбанистички планови од членот 7 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.
  • Предмет на иницијативите може да биде донесување на нов Урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки Урбанистички план од член 7 став (1) точка 2 алини 2, 3 и 4 (детален урбанистички план, урбанистички план за село и урбанистички план за вон населено место), со конкретен предлог од подносителот на иницијативата.
  • Јавниот повик ќе трае од 24.04.2020 до  24.05.2020 год. – 31 дена, сметано од објавата во дневното  гласило .
  • Јавниот повик ќе биде објавен на интернет страната на Општина Прилеп, prilep.gov.mk, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам , преку објава во службеното гласило на општината и во дневен весник кој се издава на македонски јазик, а излегува најмалку три месеци пред денот на објавување на повикот.
  • Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма преку архивата на Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Прилеп или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок
  • За секоја поднесена иницијатива подносителите ќе бидат информирани за прифаќање односно неприфаќање на истата, во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 работни дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативи.
  • Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2020год.
  • Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите – правни или физички лица.

СООПШТЕНИЕ

ГРАДОНАЧАЛНИК

На Општина Прилеп

Илија Јованоски