Општина Прилеп упатува Јавен повик до сите субјекти од областа на индустријата, комерцијалниот, јавниот и услужниот сектор, малите и средни претпријатија, да достават информации за потребите за користење на гасоводниот систем и свои мислења за гасификација на општината Прилеп.
За изработката на основниот проект за гасификација на Прилеп, од голема важност е да се изврши навремена и точна идентификација за локацијата и потребата на идните корисници на гасоводниот систем низ градот.
Поради тоа, потребна е целосна вклученост на стопанските субјекти во севкупните активности за реализација на проектот „Гасификација на општина Прилеп“, од што ќе зависи и развојот на мрежата од гасоводниот систем низ градот и неговото рационално користење. Од ова бенефит ќе имаат сите граѓани на општината, а најмногу вашата фирма/институција.
Сите субјекти ќе имаат можност да учествуваат во ова прелиминарно истражување на Општина Прилеп, како подготвителна фаза во реализацијата на проектот за гасификација на целата општина.
Информациите и мислењата, кои што нам како Општина ни се потребни, стопанските субјекти треба да ги внесат во двата формулара што ќе им ги доставиме или пак, субјектите сами ќе ги подигнат од Општината или ќе ги симнат од веб страницата prilep.gov.mk . Двата формулара: енергетската картица и топлинските трансформации треба да бидат назначени за архива односно до Секторот за локален економски развој при Општина Прилеп, и на е-маил адресите: d_stojceski@yahoo.com и saska.pavleska@yahoo.com, или да се пополнат во електронска форма на линковите подолу, најдоцна до крајот на месец јули 2018 година.
За преземање на документот Енергетска картица кликнете ТУКА.
За преземање на документот Топлински трансформации кликнете ТУКА.
Линкови за електронско пополнување на документите
Енергетска картица (линк)
Топлински трансформации (линк)
Ви благодариме на соработката!
Со почит,