ЈАВЕН ПОВИК за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта и најдобар наставник во средните општински училишта во Општина Прилеп

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоупрва (“Службен весник на РМ” број 05/02) а согласно Програмата за доделување на награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта и најдобар наставник во средните општински училишта во Општина Прилепброј 09-4248/20 од 28.12.2023 година и Правилникот за услови и критериуми за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта и најдобар наставник во средните општински училишта во Општина Прилеп, број 09-4248/21 од 28.12.2023 година, Општина Прилеп објавува:

Ј А В Е Н   П О В И К

за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта и најдобар наставник во средните општински училишта во Општина Прилеп

Опис на јавниот повик

1.1.Опшествена одговорност кон настаниците од основните и средните општински училишта со цел мотивирање за подобрување на образовниот и општествениот процес, препознавање на потенцијалот кај учениците, како и развој  на науката која може да придонесе за личен и општествен развој.

Крајна цел на доделувањето на награди е придонес на наставниците во образовниот и општествениот процес кон Општина Прилеп, како и за нејзина афирмација.

1.2. Јавниот повик ќе трае 5 (пет) денови, не сметајќи го денот на неговото објавување.

1.3. Јавниот повик е објавен на ВЕБ страната на општина Прилеп www.prilep.gov.mk, огласната табла на Општина Прилеп и на локалните електронски медиуми во Општина Прилеп

 

2.1.Право на учество на јавниот повик

Право на учество имаат:

– наставници кои се вработени во општинските основни училишта и средните општински училишта во Општина Прилеп;

– наставникот да има засновано работен однос на неопределно работно време во воспитно-образовна институција;

– наставникот да не е орган на раководење во воспитно-образовна установа во моментот на аплицирање;

– право на учество имаат наставници кои не се наградувани последните 5 години.

 

2.2.Критериуми за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта и најдобар наставник во средните општински училишта во Општина Прилеп се:

1.Планирање, реализирање и организирање на наставата (годишно тематско планирање, дневно планирање, уредно водење е-дневник, додатна и дополнителна настава, применува иновативни  наставни  методи, форми и   техники) доказ-потврда од училиштето (мислење од наставничкиот совет)…………………………………………………3 бода

2.Соработка и работа со наставници,  родители,  со заедницата (доказ – фотографии,  записници, белешки)………………………………………………………………………………………..3 бода

3.Учествување во училишни инклузивни тимови (доказ – решение за учество во тим / комисија и сл.)…………………………………………………………………………………………………..1 бод

4.Промовирање  на  училиштето и Општина Прилеп на  (медиуми,  фестивали,  настани организирани на општинско, државно и меѓународно ниво) доказ – фотографии,  потврди ……………………………………………………………………………………………………………5 бода

5.Споделување  на  добри  наставни  практики  во стручни  списанија  (доказ –  прилог  од  објава)   ……………………………………………………………………………………………………….1 бод

6.Награда на училишен конкурс (доказ–дипломи, признанија, пофалници,  благодарници)…………………………………………………………………………………………………..1 бод

  1. Награди на натпревари организирани од акредитирани здруженија на наставници за тековната учебна година

–  Награда на училишен натпревар (доказ – дипломи,  признанија,  пофалници,  благодарници)…………………………………………………………………………………………………..1 бод

 

–        Награда на општински натпревар (доказ – дипломи)

  • Прво место општински натпревар……………………………………………………………….3 бода
  • Второ место општински натпревар………………………………………………………………2 бода
  • Трето место општински натпревар………………………………………………………………..1 бод

 

  • Награда на регионален натпревар (доказ – дипломи)
  • Прво место регионален натпревар………………………………………………………………6 бода
  • Второ место регионален натпревар……………………………………………………………..5 бода
  • Трето место регионален натпревар……………………………………………………………..4 бода

 

 

 

  • Награда на државен натпрвар (доказ – дипломи)
  • Прво место државен натпревар…………………………………………………………………………………..9 бода
  • Второ место државен натпревар…………………………………………………………………………………..8 бода
  • Трето место државен натпревар…………………………………………………………………………………..7 бода

 

  • Награда на меѓународен натпревар (доказ – дипломи)
  • Прво место меѓународен натпревар………………………………………………………………………………….12 бода
  • Второ место меѓународен натпревар………………………………………………………………………………….11 бода
  • Трето место меѓународен натпревар………………………………………………………………………………….10 бода

Наградите на општински,  регионален,  државен и меѓународен натпревар се бодираат само еднаш и тоа највисоко постигнатиот резултат.

8.Учество во рализација на проекти и семинари кои се од значење за воспитно – образовниот процес,  согласно наставните планови и програми за основно образование,  во тековната учебна година, организирани од акредитирани и регистрирани установи,  институции,  и здруженија ( доказ – потврда од институцијата,  носител на процесот )

  • Координатор на меѓународен проект……………………………………………………………………………………………………6 бода
  • Координатор на државен проект……………………………………………………………………………………………………5 бода
  • Координатор на регионален проект……………………………………………………………………………………………………4 бода
  • Координатор на општински проект……………………………………………………………………………………………………3 бода

 

  • Член на тим меѓународен проект……………………………………………………………………………………………………4 бода
  • Член на тим државен проект……………………………………………………………………………………………………3 бода
  • Член на тим регионален проект……………………………………………………………………………………………………2 бода
  • Член на тим општински проект……………………………………………………………………………………………………..1 бод

 

  • Учество на семинари и обуки………………………………………………………………………………………………………1 бод

–      Дисеминација на семинари и обуки ( потврда од училиштето)………………………………………………………………………………………………….1 бод

9.Автор или коавтор  на учебници издадени во тековната учебна година (доказ – изданија)…………………………………………………………………………………………………..10 бода

10.Автор на стручна литература издадена во тековната учебна година(доказ-изданија)……………………………………………………………………………………………………………..4 бода

2.3.Ќе се вреднуваат резултати постигнати во тековната учебна година. Еден наставник може да конкурира само за еден наставен предмет. Бројот на пријавени наставници од едно училиште не е ограничен.

 

3.Начин на пријавување на јавниот повик

3.1. Заинтересираните наставници треба да ги достават следните документи до Општина Прилеп:

 

  1. Пријава од наставникот;
  2. Потврда од училишето за засновен редовен работен однос на неопределно време;
  3. Потврда од училиштето (мислење од наставничкиот совет) за Планирање, реализирање и организирање на наставата (годишно тематско планирање, дневно планирање, уредно водење е-дневник, додатна и дополнителна настава, применува иновативни наставни  методи, форми и   техники).
  4. Доказ – фотографии, записници, белешки за Соработка и работа со наставници,  родители,  со заедницата
  5. Доказ – потврда за учество во тим / комисија и сл. за учествување во училишни инклузивни тимови
  6. Доказ – фотографии, потврди за промовирање  на  училиштето и Општина Прилеп на  (медиуми,  фестивали,  настани организирани на општинско, државно и меѓународно ниво)
  7. Доказ – прилог  од  објава за споделување  на  добри  наставни  практики  во стручни  списанија
  8. Доказ–дипломи, признанија, пофалници, благодарници за награда на училишен конкурс
  9. Доказ – дипломи, признанија,  пофалници,  благодарници за награди на натпревари организирани од акредитирани здруженија на наставници за тековната учебна година
  10. Доказ – потврда од институцијата, носител на процесот за учество во рализација на проекти и семинари кои се од значење за воспитно – образовниот процес,  согласно наставните планови и програми за основно образование,  во тековната учебна година, организирани од акредитирани и регистрирани установи,  институции,  и здруженија
  11. Потврда од училиштето за учество на семинари и обуки и дисеминација на семинари и обуки
  12. Доказ – изданија за Автор или коавтор на учебници издадени во тековната учебна година и Автор на стручна литература издадена во тековната учебна година
  13. Нотарски заверена изјава од наставникот дека доставените документи се вистинити и дека податоците одговараат на прикажаната состојба;
  14. Изјава за давање согласност за обработка и користење на личните податоци;
  15. Фотокопија од личната карта на наставникот.

3.2.Пријавите на наставниците со потребната документација треба да се достават до архивата на Општина Прилеп или да се достават по пошта до: ЕЛС Општина Прилеп ул.,,Прилепски Бранители” бр.1 Прилеп со назнака: ,,За јавниот повик за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта и најдобар наставник во средните општински училишта во Општина Прилеп”.

Копието од лична карта и копието од трансакциона сметка, како и секоја друга документација која содржи лични податоци за подносителот на барањето, задолжително се доставуваат во затворен коверт, со назнака ,,строго доверливо-лична документација,, како прилог кон барањето.

 

4.Начин на спроведување на јавниот повик

4.1. Советот на Општина Прилеп има формирано Комисија за општествени дејности и заштита на правата на децата

4.2 Комисија за општествени дејности и заштита на правата на децата ќе ги разгледаат пристигнатите барања и документацијата во прилог со цел да утврди дали истите се уредни и комплетни.

Комисијата некомплетните и ненавремни пријави не ги разгледува.

Комисијата од пристигнатите пријави утврдува ранг-листа и му ја доставува на Градоначалникот на разгледување и одлучување.

4.3. Градоначалникот на Општина Прилеп врз основа на доставената ранг-листа од Комисијата донесува Одлука за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта и најдобар наставник во средните општински училишта во Општина Прилеп

Одлуката за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта и најдобар наставник во средните општински училишта во Општина Прилеп која ја донесува Градоначалникот на Општина Прилеп ќе се објави и на веб-страната на Општина Прилеп.

Бр.03-1781/1

24.06.2024 година

Општина Прилеп

Ј А В Е Н   П О В И К за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта и најдобар наставник во средните општински училишта во Општина Прилеп